Бранителот на трофејот на Европското првенство во Хрватска, Германија со триумф над Чешка 22-19 (9-10) ја отвори главната фаза во втората група.

Чесите можат да жалат за изгубениот натпревар и двата бодови, бидејќи во текот на целиот меч беа рамноправен противник, а во 50-та минута имаа водство од два погодоци (18-16).

Германците со серија 6-0 во последните десет минути го свртеа резултатот (22-18) и дојдоа до конечен триумф (22-19) кој им донесе четвртиот бод на табелата во главната фаза, додека Чешка останува на двата од прелиминарната рунда.

Голманскиот тандем на Германија, Волф-Хајнветер забележа 13 одбрани, а голгетерски брилираше Фет кој постигна осум голови. Кај чесите се истакнаа Чип со шест голови и Мрква кој зад своето име запиша 12 одбрани.

Германија во втората рунда ќе се сретне со Данска, а Чешка ќе се судри со Македонија.

OhridNews