Германската селекција ќе биде сериозно ослабена во пресрет на квалификациските натпревари против Република Ирска и Полска за Европското првенство во Франција 2016 година.

Селекторот на светските прваци Јоаким Лев не може да смета на Месут Озил, Јулијан Дракслер, Андреа Шурле, Марко Ројс, Марио Гомез, Сами Кедира и новиот капитен Бастијан Швајнштагер.

– Имаме сериозни проблеми на некои позиции и нема да ни биде ни малку лесно да ги пополниме празнините – рече селекторот на „панцирите“.

Германија стартуваше со победа во квалфикациите, а ги очекува мечеви во Варшава против Полска и во Гелзенкирхен против Република Ирска.

Мх.П.