Репрезентацијата на Данска во “пријателски“ натпревар ја совлада Шведска со 31-24 и обезбеди пласман меѓу најдобрите четири на европското ракометно првенство.


Јенсен беше најпрецизен на мечот, постигнувајќи седум гола. Данска во полуфиналето ќе игра со најдобро пласираната селекција од Втората група, Шпанија.

Успехот на Данска е уште поголем ако се знае дека во главната група влегоа без бодови. Хансен и компанијата, прво среќно ја совладаа Македонија, успеаа да слават над Германија и рутински го одработија мечот со Шведска.

За Македонија останува со победа да се пласира на третото место во групата и да се бори за петотото место на шампионатот кое најверојатно ќе води во дополнителни квалификации за Олимпските игри.