Главниот фаворит според обложувалниците селекцијата на Германија денес ќе го има своето деби на 13-то ЕП. Во натпревар од Б групата Германија во Клагенфурт ќе игра против Полска. Доста медиумски прав се крена околу овај натпревар па редно е вечерва фудбалерите да кажат она што имаат на теренеот. Нема проблеми во составот на Јоаким Лов , па се очекува најдобритe 11 мина, од кои двајца “ Полјаци “(Клосе, Подолски) да истрчаат на теренот.
Полската селекција дебитира на европските првенства. Каде каде е помал притисокот на избразниците на холанѓанецот на полската клупа, Лео Бенхакер кои сигруно сакаат да стигнат до првата победа во 16 натпревар против Германија. Последниот натпревар помеѓу овие две селекции кој се играше на СП во Германија заврши 1-0 за “Елфот“.

Од друга страна Австријците кои благодарение на тоа што се домаќини добија шанса да играат на Еврото, потајно, скришно се надеваат на позитивен резултат. Нив и обложувалниците им даваат најмалку шанси 1:150. Но никогаш не отпишувајт го домакинот!!
Двојки 1 коло
18.00 Австрија –Хрватска
20.45 Германија – Полска










