Најголемиот фаворит на почетокот на ЕП, Германија, вечерва (20:45 ч.) во Виена против ко-домаќинот Австрија ќе треба да го завери местото во четврт-финалето. За панцирите доволен е и бод за пласман во нок аут фазата.
Австрија само со победа, би можела да направи шок и да дојде до четврт-финалето.
Во групата, каде Хрватска е сигурно прва, покрај Германија и Австрија, шанса за четврт-финалето има и Полска.
Полската теорија вели: Минимална победа на Австрија над Германија и триумф на Полска над Хрватска со поголем број голови.
Tрето коло
Австрија – Германија
Хрватска – Полска
Табела
| 1 | Хрватска | 2 | 3-1 | 6 |
| 2 | Германија | 2 | 3-2 | 3 |
| 3 | Австрија | 2 | 1-2 | 1 |
| 4 | Полска | 2 | 1-3 | 1 |
Во 1/4 финалето Хрватска ќе игра против Турција, додека вториот патник од оваа група ќе игра против Португалија.










