Третопласираната селекција од Мундијалот во Бразил, Холандија го загрози пласманот на Европското првенство во Франција следната година откако претрпе од Турција 3-0.


Холанѓаните не личат на себе во квалификциите за Европското првенство претрпувајќи вкупнo четири порази во осум натпревари. Во квалификациите ништо сега не е во нивните раце бидејќи судбината за пласман на ЕП им зависи од резултатите на другите селекции.


Турција и Холандија во преостанатите два натпревари ќе се борат за третата позиција која води во бараж мечевите за пласман на ЕП.

Резултати :

Група А : Летонија – Чешка 1-2, Турција – Холандија 3-0, Исланд – Казахстан (20:45 ч)

Табела : Чешка 19 бода, Исланд(-1) 18, Турција 12, Холандија 10, Летонија 4, Казахстан(-1) 1 бод.

Ohridnews