Фудбалската репрезентација на Холандија ги врати надежите за пласман на Европското првенство победувајќи во шестата рунда на гостински терен против Латвија 2-0.


„Лалињата“ со два порази и реми во пет натпревари беа на работ од бездната, но со триумфот над Латвија се вратија во игра за местата кои водат на ЕП.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл беше човек на одлуката во дербито на колото помеѓу селекциите на Велс и Белгија погодувајќи во првиот дел за минимална победа 1-0.


Резултати :

Група А : Латвија – Холандија 0-2, Казакстан – Турција 0-1, Исланд – Чешка 2-1.

Табела : Исланд 15, Чешка 13, Холандија 10, Турција 8, Латвија 3, Казакстан 1.

Група Б : Андора – Кипар 1-3, БиХ – Израел 3-1, Велс – Белгија 1-0.

Табела : Велс 14, Белгија 11, Кипар 9, Израел 9, БиХ 8, Андора 0.

Група Х : Хрватска – Италија 1-1, Малта – Бугарија 0-1, Норвешка – Азербејџан 0-0.


Табела : Хрватска 14, Италија 12, Норвешка 10, Бугарија 8, Азербејџан 4, Малта 1.

Мх.П.