Селекцијата на Холандија со два порази во три натпревари ги отвори квалификациите за Европското првенство 2016 година. Поразот од Исланд 2-0 го запали алармот во репрезентацијата.
– Ова не личи на Холандија. Играме лошо и немаме право да се преправаме дека е добро бидејќи ситуацијата е многу лоша. Мораме да тргнеме од почеток од нула долку сакаме нешто до крајот на квалификациите да направиме – рече Арјен Робен.
„Лалињата“ кои важеа за најсигурна селекција во квалификациите под знак прашалник го доведоа пласманот на ЕП.
– Хидинк е минато. Неговата фудбалска кариера е завршена. Целосно се изгуби на мечот со Исланд. Време е да му се пружи шанса на некој млад стручњак, кој ќе воведе нови методи на работа. Го почитувам за се што направи за фудбалот во Холандија, но, време е да замине од селекторската функција – изјави поранешниот репрезентативец Роналд де Бур.
За наследници на Хидинк ако тој замине од селекторското столче се спомнуваат Франк де Бур и менаџерот на Саутемтон, Роналд Куман.
Мх.П.