Хрватска и Норвешка триумфално го започнаа ЕП, победувајќи ги Исланд со 29-27 односно Словенија 28-27 и ги прокнижија првите бодови во Групата Г.

Натпреварот помеѓу Хрватска – Исланд помина во изедначена борба, “коцкастите“ во последните минути од мечот дадоа гас стекнаа предност од два разлика која со паметна игра ја одржаа до крајот.

Норвешка на два пати во дуелот со Словенија имаше предност од шест голови, во два наврати ја прокоцка и мораше во финишот да спасува “жива глава“. Словенците не ја искористија играта “топло ладно“ на Норвешка и претрпеа пораз кој им закомпликува сметките во групата.

Резултати : Хрватска – Исланд 29-27, Норвешка – Словенија 28-27

Табела: Хрватска 2, Норвешка 2, Словенија 0, Исланд 0

Мх.П.