Хрватска со 31-27 (13-12) ја совлада Шпанија во “малото“ финале. “Коцкастите“ во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и играта, на моменти “гол разликата“ изнесуваше шест голови.

Најпрецизни во таборот на Хрватска, со седум погодици беа Лацковиќ и Чупиќ. Во поразената репрезентавија Шпанија, Сантиерно постигна седум погодоци и Ромеро шест.

Во 17 часот во “Арената“ ќе се одигра финалето на ЕП, помеѓу Србија – Данска.

Мх.П.