Репрезентацијата на Хрватска им се врати на победите на Европското првенство, откако во првата рунда од главната фаза потешко од очекувањата ја совлада Белорусија со 25-23 (15-12) пред преполната „Арена“ во Загреб.
Избраниците на Лино Червар поучени од поразот од Шведска натпреварот го започнаа агресивно и поведоа со 4-1. Разликата варираше на гол, два или три, но „коцкастите“ ја одржаа и на одмор заминаа со +3 (15-12).
Но, бродот на хрватите заплива во турбелетни води во второто полувреме и белорусите ја искористуваа секоја шанса да ги казнат. Во последните пет минути двете селекции влегоа со ист број на голови (23-23). Домаќините погодија за 24-23, а потоа го одбранија нападот и со звукот на сирената ја запечатија победата (25-23).
Хрватска со овие два бодови дојде до четвртиот во првата група од главната фаза, додека Белорусија остана без бодови на последната позиција.
OhridNews