Третата и последна рунда во А и Б групите ги промовираше шесте селекции кои обезбедија пласман во главната фаза од Европското првенство.
Од А групата со максимални 4 бодови во главната фаза се сели Шведска, а од Б групата четири бодови пренесува Франција. Со два бодови мечевите во втората етапа на ЕП ќе ги започнат Хрватска и Норвешка, додека без бодови се Србија и Белорусија.
Хрватите кои се домаќините ќе имаат ѓаволска тешка задача да обезбедат пласман на едно првите две места, бидејќи треба да ги победат три мечеви вклучувајќи ги дуелот со француските ракометари.
Распоред:
1.коло: Србија – Норвешка, Хрватска – Белорусија, Шведска – Франција
2.коло: Хрватска – Норвешка, Србија – Франција, Шведска – Белорусија
3.коло: Шведска – Норвешка, Хрватска – Франција, Србија – Белорусија.
Табела: Франција 4 бодови, Шведска 4, Хрватска 2, Норвешка 2, Србија 0, Белорусија 0.
OhridNews