Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов беше меѓу присутните македонски навивачи на мечот Македонија – Полска кој заврши со триумф на “црвено-жолтите“ од 27-25.
Иванов ги посетил ракометарите во соблекувалната пред мечот посакувајќи им многу среќа која и тоа како се покажа како добредојдена.
Посетата на Иванов ја искористија бројните новинарски екипи, а официјалниот портал на првенството реализираше интервју со македонскиот претседател кое ќе биде објавено подоцна.