Во втората рунда од Европското првенство, Македонија ќе се сретне со “ранетиот лав“ Германија. “Панцирите“ на премиерата претрпеа пораз од чесите додека избраниците на Шундовски ремизираа со четирикратниот првак Шведска.


Германија која по пауза од 14 години на едно големо натпреварување е без “заштитниот знак“ тренерот Хајнер Бранд на мечот со Македонија ќе запнат да го поправат киксот со Чешка.

Кога можеше Чешка да се држи со Германија зошто да не можеме и ние. Чесите цел натпревар во континуитет имаа водство а Германците каскаа на моменти. Несигурноста во составот кај Германија е голема, тие се млади ракометари кои имаат искуство само во помладите категории – истакна капитенот Кире Лазаров.


И во таков состав предводникот на македонската репрезентација го респектира германскиот состав.

Многу ни одговара играта нивна, можеме да се надигруваме. Во овој натпревар Германија е фаворит но со помош на “фалангата“ можеме да оствариме позитивен резултат и да ја обезбедиме вредната победа – заврши Лазаров.


Натпреварот помеѓу Македонија – Германија е закажан за 18:20 часот, во салата “Чаир“ во Ниш.

 
Натпреварите од Европското ракометно првенство следете ги во живо во kафетерија “Офсјад“

Мх.П.