Наредните денови ќе се одиграат последните две квалификациски рунди за пласман на Европското првенство по кои што ќе биде комплетиран списокот на учесници на континеталното првенство, кое наредната година ќе се одржи во Франција.
Директен пласман на Европското првенство ќе изборат по две првопласирани репрезентации од дeветте квалификациски групи и најдобрата третопласирана репрезентација, додека осум селекции кои ќе завршат на третото место во квалификациите низ бараж двомечот ќе се обидат да стигнат до Франција.
Во пресрет на последните две квалификациски рунди четири репрезентации веќе изборија настап на ЕП: Исланд, Чешка, Англија, Австрија, а селекциите како Велс, Германија, Италија, Северна Ирска, Шпанија, Белгија треба во последните две кола да го потврдат пласманот во Франција.
Група А:
Без оглед на резултатите во последните две средби Исланд и Чешка се квалификуваа на ЕП, за третото место и настап во баражот ќе се борат Турција и Холандија. Турција најпрвин ќе гостува во Чешка, а потоа ќе го пречека Исланд. Холандија која има два бода помалку од Турција ќе гостува во Казахстан и ќе ја пречека Чешка. Во случај на ист број на бодови во конечниот пласман во баражот ќе оди Турција поради подобриот меѓусебен скор.
Група Б:
1.Велс
2.Белгија
3.Израел
Велс има обезбедено настап во баражот, а за да се пласира во Франција ќе му биде доволен еден бод од дуелите со БиХ и Андора. Белгија ќе игра на ЕП доколку забележи една победа на дуелите со Андора и Израел. Од друга страна Израел против Кипар и Белгија треба да освои четири бода за да ја обезбеди третата позиција. Босна и Херцеговина ќе игра во баражот само доколку во последните две средби освои три бода повеќе од Израел.
Група Ц:
1. Шпанија
2. Словачка
3. Украина
Сите овие три репрезентации обезбедија најмалку играње во баражот, а во последните две средби Шпанија влегува со два бода повеќе од Словачка и пет од Украина и само чудо може да го спречи актуелниот шампион да не отпатува директно за Франција. Во последните две кола на 12.октомври ќе се сретнат Украина и Шпанија, претходно Шпанија ќе игра против Луксембург, а Украина ќе гостува во Скопје.
Група Д:
1. Германија
2. Полска
3. Република Ирска
Германија обезбеди бараж, а директно ќе оди на ЕП доколку не загуби од Ирска. Полска може да се квалификува ако ја победи Шкотска, а Ирска не слави против Германија. Теоретски шанси за баражот има и Шкотска која има четири бода помалку од Ирска.
Група Е:
1. Англија се квалификува
2. Швајцарија
3. Словенија
4. Естонија
5. Литванија
Англија ја заврши работата и обебзеди настап на ЕП. Словенија има три бода помалку од Швајцарија, но подобар меѓусебен скор. За директен пласман на Словенците им се потребни победи над Литванија и Сан Марино, но во исто време Швајцарија треба да загуби еден од двата натпревари (Сан Марино или Естонија).
Словенците можат да ја загубат третата позиција доколку во двете последни средби освојат три бода помалку од Естонија, која ќе игра против Англија и Швајцарија.
Група Ф:
1. Северна Ирска
2. Романија
3. Унгарија
Победата на Грција над Финска ќе и обезбеди директен пласман на Северна Ирска на ЕП. Романија може да остане без второто место доколку Унгарија до крајот на квалификациите освојат три бода повеќе од нив. Двете селекции играат против Фарските острови, додека Романија ќе ја пречека Финска, а Унгарија ќе гостува во Грција.
Група Г:
1. Австрија се квалификува
2. Русија
3. Шведска
Русија ќе го освои второто место и ќе се пласира на ЕП доколку победи против Молдавија, а во исто време Шведска и Црна Гора не победат против Лихтенштајн односно Австрија. Во спротивно, во последното коло Русија ќе мора да слави над Црна Гора. Швеѓаните кои во последното коло ќе ја пречекаат Молдавија ќе чекаат на барем еден кикс на Русија. Црна Гора е во тешка позиција, во борбата за третото место, бидејќи има бод помалку од Шведска и три од Русија, а покрај тоа имаат и полош меѓусебен скор од двете репрезентации.
Група Х:
1. Италија
2. Норвешка
3. Хрватска
Италија и Норвешка можат во пакет на ЕП доколку Италија слави над Азербејџан, а норвешка слави над Малта и Италија во последното коло. Исто така овие две селекции можат и со една победа да стигнат до Франција, но само доколку Хрватска не забележи победа над Бугарија.
Хрватска има подобар меѓусебен скор од Норвешка, па доколку тие слават над Бугарија и Малта, а Норвешка ја победи Малта и одигра нерешено против Италија, тогаш Хрватска ќе биде втора и ќе оди директни на ЕП.
Група И:
1. Португалија
2. Данска
3. Албанија
На водечката Португалија и е потребен еден бод од директниот дуел со Данска за да обезбеди пласман на ЕП. Доколку Данска не слави во Португалија, тогаш Албанија која има бод помалку има можност да стигне до второто место доколку победи против Србија или Ерменија.
„Макфакс“
Ohridnews











