Играчките квалитети се неспорни на Кристијано Роналдо, а во финалето од Европското првенство против Франција покажа зошто ја носи капитенската трака и колкава е нејзината тежина.
Роналдо, предвреме во 22-та минута го заврши својот настап во финалето откако излезе поради повредата на левото колено. Но, тоа не ги поколеба неговите соиграчи кои одиграа маестрално по нотите од својот соиграч кој како селектор делуваше од клупата.
– Голем шок за нас беше неговата повреда и знам дека така изгледавме на теренот кога тој ја напушташе играта. Меѓутоа, Роналдо на полувремето одржа фантастичен мотивирачки говор кој нас ни влеа голема самодоверба. Тој ни рече дека верува во нас и оти не гледа на тронот од стадионот „Стед де Франс“. – рече Цедрик Соареш.
И стрелецот на победничкиот погодок Едер откри дека при влегувањето во игра Роналдо му дошепнал дека ќе го реши финалето. Тоа и се случи, Едер во 109-та минута ја погоди мрежата на Уго Љорис и ја донесе првата радост за Португалија на Европските првенства.
OhridNews