Англиската репрезентација со погодокот на Вејн Руни од слободен удар минимално со 1-0 ја совлада селекцијата на Естонија.
Минута пред слободниот удар селекторот на англичаните Рој Хоџсон подготвуваше измена и тоа Рики Ламберт, кој трабаше да го замени токму капитенот Руни.
Но, поради договорот Руни да ги бие слободните удари селекторот го остави во игра и не погреши бидејќи тој момент се покажа пресуден.
Секако дека Ламберт влезе во игра, но, на местото од Велбек, а Руни го доигра натпреварот.
Мх.П.