Натпреварот со Словенија (15.15 минути) е последниот за македонската фаланга на Европското првенство во Србија, навистна штета што не разигруваме за медал, но шокатниот пораз од Данса и тоа како ни ги замрси сметките. Македонија во мечот за петто место и “олимписка виза“ ќе се соочи со “братската“ селекција на Словенија, која исто е хит на континенталниот собир.
Натпреварот за петтото место за двете селекции е мошне значаен бидејќи победникот ќе игра во квалификациите за Олимписките игри во Лондон. Можеше се да биде полесно за Македонија, доколку Унгарија победеше во дуелот со Хрватска, па овој меч ќе беше “формалност“. Но ние не сме нација која го одбира полесниот пат, секогаш го “пикираме“ потешкиот.
Дуелот помеѓу “змајчеките“ и “македонската фаланга“ ќе биде дополнително зачинет со “двобојот“ на најдобрите стрелци на турнирот. Гајиќ има постигнато 44 голови наспроти македонскиот ас Лазаров, кој со 53 погодоци е лидер на листата на стрелци.
Мечот за “олимписка виза“ кој е увертира за полуфиналните дуели, ќе го водат шпанските судии Рали и Сабросо кои го судеа мечот со Данска во главната фаза.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com