Од утре до 29 јануари очите на македонската спортска јавност ќе бидат вперени кон Србија каде ќе се одигра десетото европско првенство во ракомет. Еве го комплетниот распоред на мечевите од првата фаза.


ГРУПА А (БЕЛГРАД) : Полска, Данска , Србија, Словачка
15:јануари: Полска – Србија , Данска – Словачка
17:јануари: Словачка – Полска ,Србија – Данска
19 јануари: Полска – Данска , Србија – Словачка

ГРУПА Б (НИШ): Германија, Шведска ,Чешка, МАКЕДОНИЈА
15 јануари: Германија – Чешка (17,20 ч), Шведска – Македонија (19,30 )
17 јануари: Македонија – Германија (18,15), Чешка – Шведска (20,15)
19 јануари: Германија – Шведска (18,15), Чешка – Македонија(20,15)

ГРУПА Ц (НОВИ САД): Франција, Унгарија, Шпанија, Русија
16 јануари: Франција – Шпанија, Унгарија – Русија
18 јануари: Русија – Франција, Шпанија – Унгарија
20 јануари: Шпанија – Русија, Франција – Унгарија

ГРУПА Д (ВРШАЦ) Хрватска, Норвешка, Исланд, Словенија
16 јануари :Норвешка – Словенија, Хрватска – Исланд
18 јануари: Словенија – Хрватска, Исланд – Норвешка
20 јануари : Исланд – Словенија, Хрватска – Норвешка

По првиот круг натпревари по групи, првопласираните три селекции од секоја група ќе продолжат во втората фаза, во која ќе се формираат две групи со по шест репрезентации со вкрстување (А и Б односно Ц и Д). Тие ќе си ги пренесат освоените бодови од првата фаза (два бода за победа), а во втората ќе играат со селекциите од групата со која се вкрстуваат.

Двете првопласирани репрезентации од новите групи „1“ и „2“ потоа ќе разигруваат за медали. Финалето е закажано за 29 јануари (17 ч.) во „Белградска арена“.


Натпреварите од Европското ракометно првенство следете ги во живо во Кафетерија “Офсјад“

Ohridnews