Не им беше малку играњето пред празни трибини па хрватските навивачи се погрижија одново да се најдат на тапет од УЕФА, но сега поради кукастиот крст, кој се наоѓаше некаде околу средината на теренот во Сплит.


Селекциите на Хрватаска и Италија ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1, но никој во светската јавност не зборува за головите туку за потегот на хрватските навивачи.

Хрватска репрезентација и фудбалската федерација се соочуваат со драстични казни кои одат до таму за исфрлување од квалификациите и забрана за играње неколку години во сите натпреварување под капата на УЕФА.


„Коцкастите“ веќе се наоѓаат под условна казна од УЕФА по дивеењето на нивните навивачи на дуелот со Норвешка кога пееаја националистички песни и имаа пиротехничко шоу.

Ohridnews