Хитот на Македонија на Европското првенство во Полска, Филип Кузманоски е крајно неизвесен за настапот на мечот со Белорусија по страотната повреда која ја доби на мечот со Норвешка.


Противнички ракометар на Норвешка ненамерно со лакотот в лице го удри Кузманоски кој облеан со крв ја напушти играта.

Поради сериозноста на повредата бекот повеќе не влезе во игра, а под знак прашалник е доведен и настапот на последниот меч за „црвено жолтите“ на ЕП.

– Жалам што не можев да им помогнам на соиграчите бидејќи болката беше огромна. Сега се чувствувам подобро, ќе пробам да го одработам тренингот, а лекарскиот тим ќе каже дали ќе можам да настапам на мечот со Белорусија. – рече Кузманоски.

Тој во дресот на Македонија дебитираше токму на ЕП и веднаш со добрите игри го сврте вниманието на себе од големите клубови.

OhridNews