Европската ракометна куќа (ЕХФ) со преставување на групите ги одбројува деновите до почетокот на Европското првенство кое ќе се одржи од 15 до 31 јанури во Полска.

ЕХФ прво ја престави групата А каде се наоѓа Македонија заедно со бранителот на трофејот Франција, домаќинот Полска и сребрената селекција од 2012 година, Србија.

Според европската престолнина на ракометот силата на Македонија е во капитенот и најдобриот стрелец во Лигата на Шампиони, Кирил Лазаров.

– Со него во составот Македонија е друга димензија и не смее да се потцени. Пласманот во главната рунда најмногу ќе зависи од Лазаров за кој се уште нема одбрана кога ќе се разигра. – стои во објаснувањето на ЕХФ.

Ohridnews