Репрезентацијата на Македонија, ја забележа втората победа во европските квалификации, совладувајќи ја Летонија (2-0) во петтата рунда од групната фаза. Најдобрата фудбалска селекција со триумфот во Рига комплетно се врати во игра за местата на табелата кои водат во баражот.

„Црвено жолтите“, шах-мат на летонците им сервираа за три минути. Капитенот Горан Пандев го отвори резултатот во 14-та минута а три минути подоцна следуваше нов удар од Енис Барди. До крајот на мечот, домашната селекција, не се созеде и нашата репрезентација прокнижи многу важни три бодови.

  • Со победата и освојувањето на трите бодови целта ја остваривме и тоа не најважно. Можеби, требаше да славиме поубедливо но задоволен сум од играта и од резултатот како што кажав претходно. Многумина не отпишаа после поразите на домашен тере во јуни но ете се вративме во игра со четири бодови во овој циклус од квалифкациите. Четирите преостанати натпревари ќе бидат финале за сите во групата и јас посакувам голема поддршка од трибините кога ќе играме на домашен терен. – изјави  селекторот Игор Ангеловски.

Квалификациите за пласман на ЕП, продолжуваат, во октомври месец а Македонија силите ќе ги одмери со Словенија на домашен и Австрија на гостински терен.

OhridNews