Селекцијата на Македонија има еден гол (14-13) негатива по првиот дел на мечот со Белорусија кој е последен на Европското првенство во Полска.


„Црвено жолтите“ во првиот дел не ја искористија брилијатната престава на Борко Ристовски кој собра десет успешни интервенции. Во нападот очекувано Македонија ја предводи капитенот Кирил Лазаров со четири голови.

Со триумф или реми македонските репрезентативци ќе ја избегнат последна позиција во Групата 1 во главната фаза.

OhridNews