Македонската ракометна репрезентација го одигра најлошото прво полувреме на Европското првенство во Полска и губи по првите 30 минути од фаворитот Хрватска со 17:13.
Фалангата во Шила немаше многу причини за радост во првото полувреме
Отворивме исклучително лошо, дозволувајќи му на противникот по 10 минути да има предност од 7:1. Нападот не функционираше, а одбраната не успеваше да ги запре расположените бекови на Хрватска. Разликата во продолжение се зголемуваше, а благодарение на младиот Кузманоски и Манасков во финишот успеавме да намалиме на подносливи 13:17.
OhridNews