Селекциите на Македонија и Словенија одново ремизираа во подготвителните натпревари за Европското првенство во Полска играјќи 23-23 (12-13).


Во првиот натпревар на семафарот стоеше (28-28), а на вториот екипите одиграа понеефикасен меч, но со многу повеќе ротации во составот.

Во финишот „црвени жолтите“ имаа три погодоци предност (23-20), но не успеаја да ја зачуваат што ќе им донесеше победа.

На домаќините им припадна првото полувреме кое го добија со минимални (13-12) додека нашите репрезентативци беа подобри во второто (11-10) за конечни 23-23.

Македонската селекција ќе одигра уште два контролни натпревари со Црна Гора до почетокот на континенталниот собир во Полска кое започнува на 15 јануари.

Мх.Постоловски