Македонската ракометна репрезентација по втор пат од осамостојувањето ќе учествува на Европско  првенство. На првото во Италија 1998 година,  “црвено жолтите“ не се прославија откако претпрпеа четири порази и забележаа едно реми. Првенството во Италија го освои Шведска кој е противник на Македонија, во групата Б во која уште се наоѓаат шампионот од 2004 Германија и Чешка на која најдобриот успех им е шесто место на ЕП 1996.


Избраниците на Шундовски по пауза од 14 години повторно ќе ги бранат боите на Македонија на европскиот собир во Србија. Групната фаза ја поминуваат првите тројца пласирани, тоа значи дека Македонија со триумф над Шведска во првиот натпревар широко си ги отвара вратите кон втората  каде се формираат две групи со шест репрезентации а најдобрите две пласирани патуваат во 1/2 финалето.


Македонија првенството го отвара в недела  со Шведска, потоа следува натпреварот со Германија во в  вторник а последниот меч во групата “црвено жолтите“ го играат в четврток со Чешка. Европското првенство се игра во четири градови Белград, Нови Сад, Вршац и Ниш. Македонската репрезентацијата натпревари од Групата Б ги игра во салата “Чаир“, а градот Ниш се очекува да биде преплавен со навивачи на македонската репрезентација.


Салата “Чаир“ во Ниш има капацитет од 5000 гледачи.

Македонија освен репрезентавивците свои преставници на ЕП има во судииите кои ќе ја делат правдата, таа привилегија му припадна на Славе Николов и Ѓорги Начевски.

Распоредот на натпреварите во Групата Б:
   

Група Б    
15.11.2012 17:20ч Германија  – Чешка
15.11.2012 19:20ч Шведска Македонија
17.01.2012 18:15ч Македонија  – Германија
17.01.2012 20:15ч Шведска  – Чешка
19.01.2012 18:15ч  Германија – Шведска
19.01.2012 20:15ч  Чешка Македонија

                                   

Мх.П.