Селекцијата на Хрватска ќе биде првиот ривал на Македонија во втората фаза од Европското првенство кое се одржува во Полска.
„Црвено жолтите“ втората фаза ќе ја отворат на 21 јануари, четири дена подоцна на 25 јануари ќе се сретнат со првопласираниот од Б групата, Норвешка, а ќе ја завршат на 27 јануари против Белорусија.
Македонија втората фаза ќе ја започне без бодови како и Белорусија, по четири бодови на стартот ќе имаат селекциите на Полска и Норвешка, а по два Хрватска и Франција.
Најверојатно првиот меч Македонија ќе го игра во 18 и 15 часот, а вториот во вечерниот термин додека третиот во 16 часот заедно со останатите двојки од групата.
Резултати :
Двојки:
Група А: Македонија – Србија 27-27, Франција – Полска 25-31.
Табела: Полска 6, Франција 4, Македонија 1, Србија 1.
Група Б: Белорусија – Норвешка 27-29, Хрватска – Исланд 37-28.
Табела : Норвешка 4, Хрватска 4, Белорусија 2, Исланд .
Мх.П.