Репрезентацијата на Белорусија во четвртата рунда од еврокваликациите ја забележа првата победа совладувајќи ја Македонија со 2-1.
„Црвено жолтите“ повеќе од посакувано го отворија мечот откако Александар Трајковски донесе водство 1-0 во деветтата минута.
Но, после погодокот избраниците на Бошко Ѓуровски го загубија здивот и жарот во играта што резултираше со шанси пред својот гол.
Белорусите искористија една од неколкуте во првиот дел за егал на полувремето, што им даде дополнителен мотив за продолжението.
Гостите беа решени да стигнат до бодови на „Филип Втори“, а тоа им успеа со голот во финишот по кардиналната грешка на македонскиот голман.
Со трите бодови Белорусија стигна до четвртиот во групата и ја прескокна Македонија на табелата, која има три поени благодарание на победата со Луксембург.
Фото : Екипа.мк
Мх.П.