Репрезентацијата на Македонија се уште има теоретски шанси за пласман во полуфиналето на континеталниот собир во Србија.


Иако шансите се сведени на “невозможна мисија“ еве според кое сценарио Македонија може да се најде меѓу првите четири.

Полска да ја победи Германија со не повеќе од два разлика и Шведска да ја победи Данска.

Во ваква ситуација, било каква победа на Македонија над домаќинот Србија би ја одвеле во полуфиналето.

Сепак во пол позиција се германците кои во среда го играат првиот меч, со триумф над Полска ќе бидат решени сите дилеми кои две селекции од оваа група ќе играат во полуфиналето.

Двојки :
Германија – Полска
Данска – Шведска
Македонија – Србија

Табела: Србија 7, Германија 5, Данска 4, Македонија 3, Полска 3, Шведска 2

М.П.