Репрезентацијата на Македонија резултатски и според играта е најпријатно изненадување на Европското првенство во Хрватска. „Црвено жолтите“ од меч во меч импресионираат со генијалните погодоци и тактички замисли на Раул Гонзалес.

Два од многуте брилијатни погодоци на македонската чета се најдоа во изборот на најдобрите од Ц и Д групите. Шраубата на Стојанче Стоилов против Германија е најубав, а цепелинот во режија на Кирил Лазаров и Филип Талески ја зазеде четвртата позиција. Изборот на најдобрите голови можите да погледнете тука.

Македонските репрезентативци со три бодови со себе тргнаа за Вараждин каде ќе ги играат мечевите од главната фаза на ЕП.

OhridNews