Македонската ракометна репрезентација во третиот контролен натпревар пред почетокот на Европското првенство ја забележа првата победа совладувајќи ја селекцијата на Црна Гора со 35-28 (19-14).


„Црвено жолтите“ покажаа атрактивна игра и доминираа во текот на целиот натпревар одигран во преполната спортска арена „Кале“.

Квалитетот момците на македонскиот селектор Ивица Обрван во целост го демонстираа во финишот од првиот дел обезбедувајќи предност од пет погодоци (19-14).


Гостинските ракометари во два наврави во вториот дел се доближија до три негатива, но македонските „црвено жолти“ не дозволија пресврт и изненадување.

12 голови реализираше левото крило Дејан Манасков, капитенот Кирил Лазаров застана на седум, а по него следуваат Прибак со пет и Миркуловски со четири голови.

Македонија ќе одигра уште еден меч со Црна Гора под затворени врати кој ќе биде последен пред почетокот на ЕП.

Фото : Спортмедиа.мк
Мх.П.