На 22 јуни, во Монако, ќе се изврши ждребувањето за групната фаза на претстојното ЕП за жени во Србија кое ќе се одржи од 4 до 16 декември оваа година.

Ждребот е делумно диригиран па така нашата репрезентација ќе игра во група “В“ чие седиште е во Ниш, Србија во група “А“ (Белград – сала “Пионир“), Унгарија во група “С“ (Нови Сад) и Романија во група “Д“ (Вршац).

При ждребувањето Македонија ќе биде сместена во четвртиот барабан:
Барабан бр.1: Норвешка, Шведска, Романија и Хрватска.
Барабан бр.2: Франција, Црна Гора, Германија и Украина.
Барабан бр.3: Србија, Данска, Русија и Унгарија.
Барабан бр.4: Шпанија, Чешка, Македонија и Исланд.

Осминафиналните натпревари ќе се играат во Белград (сала “Арена“) и Нови Сад.

Полуфиналните, финалните и натпреварите за пласман ќе се играат во Белград (сала “Арена“).

Ohridnews