Полска ја победи Германија со 33-32 и ја остави вратата отворена за македонската ракометна репрезентација за влез во полуфиналето.

Полска до победа ја предводеше тандемот Кузњички и Јурецки со по пет постигнати гола. Кај германскиот состав најефикасни беа Клајн и Шпрегер со по седум постигнати гола.

Во наредниот меч во нашата група играат Данска и Шведска. Само победа на Шведска и оди во прилог на Македонија.

М.П.