Поранешниот чувар на мрежата на Металург, Дарко Станиќ објави дека се повлекува од селекцијата на Србија и ќе се фокусира на клупските предизвици.


Крајно неизвесниот натпревар со Македонија на Евопското првенство во Полска беше последен за Станиќ на голот на Србија.

Мечот, нема по добро да го памети Станиќ откако не успеа во последниот обид да скроти ударот на Дејан Манасков кој пак постигна погодок вреден пласман во втората фаза за Македонија.

– Дадов се од себе во сите натпревари кои ги играв за Србија. Еднаш се вратив, но тогаш знаев дека можам да помогнам, одлуката за повлекување сега е конечена и последна. – изјави Дарко Станиќ.

Голманот најдобар успех со селекцијата има Европското првенство 2012 година освојувајќи го сребрениот медал. 

OhridNews