Македонската ракометна репрезентација против Србија ќе го одигра мечот да се биде или не на Европското првенство во Полска.


Двете соседни земји во меѓусебниот дуел ќе решаваат која селекција ќе им се приклучи на Франција и Полска во втората фаза од ЕП.

Македонија ја има благата улога на фаворит, но „црвено жолтите“ тоа мора да го потврдат на теренот во најголемата арена во Полска.

На македонската ракометна репрезентација и одговара и реми, но најдобро е се да заврши со триумф на нашата селекција што ќе значи пласман во втората рунда.

Натпреварот се игра во 18:15 часот, а збирно место на „црвено жолтата“ фаланга во Охрид е кафе барот Шила.

OhridNews