Враќањето на Кристијано Роналдо не и донесе радост на португалската репрезентација која ремизираше без голови со Украина во првиот меч од квалификациите за континенталниот собир следната година. „Европските бразилци“ доминираа во целост и креираа шанси, но не најдоа начин да го совладаат расположениот Андриј Пјатов на голот од Украина.

Светскиот првак Франција и англиската селекција на дело го покажаа својот квалитет победувајќи ги Молдавија со 4-1 односно Чешка со 5-0. За „триколорите“ головите ги постигнаа Гризман, Варан, Жиру и Мбапе, додека творец на победата на „гордиот албион“ беше Стерлинг кој реализираше три од петте голови. Во листата на стрелци се запиша Кејн и Калас кој си ја затресе сопствената мрежа.

Резултати:

Група А: Бугарија – Црна Гора 1-1, Англија – Чешка 5-0

Табела: Англија 3, Црна Гора 1, Бугарија 1, Чешка 0, Косово 0

 

Група Б: Луксембург – Литванија 2-1, Португалија – Украина 0-0

Табела: Луксембург 3, Португалија 1, Украина 1, Литванија 0, Србија

 

Група Х: Албанија – Турција 0-2, Андора – Исланд 0-2, Молдавија – Франција 1-4

Табела: Франција 3, Турција 3, Исланд 3, Андора 0, Албанија 0, Молдавија 0

OhridNews