Средниот бек во македонската селекција, Наумче Мојсовски предвреме поради повреда го заврши мечот со Словенија кој заврши без победник (23-23).


Мојсовски при еден продор беше фаулиран, а отпосле имаше незгоден пад на главата по кој заработи потрес на мозокот, пренесува „Екипа.мк“.

– Не се чувствувам добро. Имам мал потрес на мозокот и чувствувам огромна главоболка. Се надевам дека состојбата наскоро ќе ми се подобри. – рече стружанецот.

Се уште нема никакви прогнози околу сериозноста на повредата на Мојсовски која бара постојано мирување.

Ohridnews