Како никогаш до сега повеќе од јасно беше дека тензијата и немирите ќе го засенат фудбалот меѓу селекциите на Србија и Албанија.

Од самиот ждреб овој меч се најавуваше како последен за едните или другите што доволно говореше што ќе се случи на теренот и трибините.


Фалеше искра за да пламне, а тоа го направија албанците кои со беспилотно летало го развеаја албанското знаме над теренот.


Толку требаше за да се направи хаос и од фудбалски меч се да се претвори во циркус, кој скапо ќе ги чини Србија и Албанија.

Ohridnews