Иако прекинот според медиумите од Србија е инициран од братот на албанскиот премиер сепак најголема одговорност за прекинот ќе падне на плеќите од Српската фудбалска федерација.
Делегатот, главниот судија и српските репрезентативци биле за да продолжи мечот, а албанските репрезентативци не се согласиле поради барањето да се доигра пред празни трибини.
– Ќе ја пријавиме оваа чудна ситуација. Сите видоа и беа сведоци што се случи и сега неможам да оценам кој е крив. Таа одлука ќе ја донесе контролната и дисциплинската комисија на УЕФА – рече делегатот на средбата Хари Бин.
Сеуште се свежи сеќавањата од Џенова кога на мечот Италија – Србија гостинските навивачи иницираа прекин, а селекцијата доби драстични казни од УЕФА.
Со влегувањето на навивачите во теренот тој случај е повторен и на србите не им се пишува добро во новонастанатата ситуација.
Ohridnews