Селекцијата домаќин на 15-то Европско првенство во фудбал Франција и вицешампионот од 2004 година, Португалија ќе се борат за трофејот во големото финале кое ќе се одигра вечерва на „Сент Денис“ во Париз.


Француската репрезентација поради домашниот терен и играта во досегашните мечеви ќе биде фаворит, но никој не смее да ја отпише Португалија која во своите редови го има „фудбалскиот убиец“, Кристијано Роналдо.

„Триколорите“ два пати се имаат радувано на шампионскиот трофеј. Во 1984 година тогаш како домаќини и пред 16 години, односно во 2000 година на Европското во Холандија и Белгија кога ја совладаа Италија со златен гол во финалето.

„Европските бразилци“ еднаш во историја играле во меч за златен медал на Европските првенства и тоа 2004 година пред својата публика во Лисабон. Тогаш, Грција ја расплака Португалија победувајќи ја со 1-0 во финалето.

Натпреварот се игра во 20:45 часот, а главен судија на овој меч ќе биде англискиот арбитар, Марк Клатенбург.

OhridNews