Натпреварот меѓу балканските ривали Србија и Албанија во групата И нема да се доигра откако беше прекинат во финишот од првиот дел.
Причината за прекинот беше албанското знаме кое прелета на стадионот. Еден од српските репрезентативци го фати знамето, а тогаш настана мешаница и хаос на теренот откако влетаа и фудбалерите од клупата.
Премиерлигашкиот судија го прекина натпреварот, кој требаше да прекине, но, на крајот се донесе одлука да се одложи поради безбедносни причини.
ЕП : Прекинат мечот меѓу Србија и Албанија (видео)
Мх.П.