Србија се соочува со сериозни проблеми пред мечот со Македонија откако голманот Славиша Ѓукановиќ своеволно ја напушти репрезентацијата.
Оваа вест ја пренесоа француските медиуми каде и настапува српскиот голман, а тој веднаш ќе му се приклучи на клубот кој е на зимски подготовки.
Можна причина за заминувањето на Ѓукановиќ е караница со Дарко Станиќ или пак незадоволство од малата минута која ја добиваше во првите два меча од селекторот Дејан Периќ.
Иако има уште голман на располагање селекцијата на Србија, сепак атмосферата не е на завидно ниво пред решавачкиот меч со Македонија во групата.
OhridNews