Албанските навивачи им приредија непријатно добре дојде на српските фудбалски репрезентативци во Албанија каменувајќи го репрезентативниот автобус во Тирана.
Инцидентот се случил откако автобусот со фудбалерите на Србија од аеродром возел до хотелот каде ќе преноќат до мечот со Албанија во Елбасан.
За среќа никој од српските репрезентативци не е повреден, а од автобусот се искршени само неколку стакла.
Натпреварот меѓу Албанија и Србија се игра во среда на 8 октомври со почеток во 20:45 часот.
Ohridnews











