Најдобриот фудбалер во Португалија, Кристијано Роналдо постигна еден од двата погодоци за својата репрезентација во триумфот над Велс (2-0) вреден пласман во финалето на Европското првенство во Франција.
Зад третиот гол на Роналдо на ЕП во Франција инаку вкупно деветти во историјата на континентални собири стојат неверојатни бројки и податоци.
Тој водечкиот погодок го постигна со глава во 50-та минута, а при ударот Португалецот скокнал неверојатни 76,2 сантиментри. Во најголемата висина Роналдо достигнал 2.6 метри што е на исто рамниште со пречката од голот. Во воздухот Роналдо се задржал 0,7 секунди, а топката во голот на Хенеси ја упатил со 71,3 километри на час.
Со голот против Велс, Роналдо стана единствениот играч со голови во две различни полуфиналиња, а се изедначи со Мишел Платини на вечната листа на стрелци со девет голови.
Мх.П.