Селекциите на Норвешка и Шпанија со три победи во исто толку натпревари ги завршија натпреварите по групи на Европското првенство во Хрватска и Унгарија.


Норвешка со максимални шест бодови го освои првото место во Б групата, а идентичен скор имаше и Шпанија во А групата.

Резултати :

Група А : Русија – Полска 26-29, Унгарија – Шпанија 26-27

Табела : Шпанија 6, Унгарија 3, Полска 2, Русија 1

Група Б : Романија – Украина 23-22, Норвешка – Данска 27-21

Табела : Норвешка 6, Данска 3, Романија 3, Украина 0.

Во втората рунда Норвешка и Шпанија ќе пренесат по четири бодови, домаќинот Унгарија два, Данска и Романија по еден додека Полска ќе стартува без бодови.

Мх.П.