Еден од домаќините на Ервопското ракометно првенство Норвешка ќе се бори за влез во финалето, додека Словенија е во многу добра позиција да биде дел од ТОП 4 на стариот континент.

Во претпоследна рунда, Норвешка со триумф над Исланд 31-28 го завери пласманот во полуфиналето. Норвежаните после 30 минути игра го решија победникот кога на одмор заминаа со седум голови позитива (19-12). Исланѓаните во вториот дел ја искористија опуштеноста во норвешката селекција и го ублажија поразот.

„Змајчеките“, со пресврт ја совладаа Португалија 29-24 (14-15) и зачекорија кон полуфиналето. Словенците во второто полувреме драстично ја подобрија играта во одбрана и ги доведоа работите под контрола. Избраниците на Љубомир Врањеш на крајот славеа со 29-24.

Селекцијата на Унгарија која изгуби од Шведска си ги закомпликува работите за пласман во полуфиналето. Во последната рунда, унгарците мораат да победат против Португалија и да се молат во Норвешка која треба да ја совлада Словенија.

Резултати: 

Португалија – Словенија 24-29

Норвешка – Исланд 31-28

Унгарија – Шведска 18-24

Табела: Норвешка 8, Словенија 6, Унгарија 4, Исланд 2, Португалија 2, Шведска 2

OhridNews