Самодовербата и амбициите на хрватската ракометна селекција доживеаја голем удар откако во втората рунда претрпе пораз од Норвешка 34-31 (16-17).
Ладнокрвните скандинавци во вториот дел негативата од еден погодок по првиот ја преточија во триумф, прв на турнирот во Полска.
„Коцкастите“ предводени од Домагој Дувњак направија и пробаа се што можеа, но на крајот не избегнаа пораз по кој се закомпликува целата ситуација во групата Б.
Резултати :
Група А : Србија – Франција 26-36, Полска – Македонија 24-23.
Табела : Франција 4, Полска 4, Србија 0, Македонија 0.
Група Б : Белорусија – Исланд 39-38, Норвешка – Хрватска 34-31.
Табела : Хрватска 2, Исланд 2, Норвешка 2, Белорусија 2.
Мх.П.