Селекцијата на Норвешка по ремито со Македонија (31-31) пласман во полуфиналето ќе брка во директен дуел со апсолутниот ракометен владетел во светот Франција.


Разочараноста на лицата после ремито од норвешките ракометари беше видлива, а вината ја побараа во составот на Македонија.

– Играњето на македонските ракометари беше срамно. Тие паѓаа на теренот како покосени, а немаше никаков старт над нив. Со ништо Македонија не заслужи поволен резултат на овој натпревар, но судиите ги толерираа многу повеќе од дозволеното. – рече бекот на Норвешка, Еспен ли Хансен.


Тој се осврна и на мечот со французите кој ги очекува. – Не очекува нов тежок натпревар, но ништо поразличен од минатите два во главната фаза. Добро ја имаме анализирано играта од Франција, но сето тоа треба да го одиграме и на теренот.

OhridNews