Селекцијата на Норвешка и го нанесе првиот пораз на репрезентацијата домаќин на Европското првенство Полска во првата рунда од главната фаза победувајќи ја со 30-28 (16-15).


Полјаците добро го отворија мечот и поведоа со 5-2, но норвежаните со маестрална игра во нападот го свртија резултатот и на полувреме заминаа со еден предност (16-15).

Норвежаните продолжија во исто темпо и во вториот дел, не потклекнаа од притисокот од преполната „Таурон Арената“ и заслужено ги запишаа првите бодови вкупно шести во главната фаза од ЕП.


Резултати : Франција – Хрватска 32-24, Полска – Норвешка 28-30.

Табела : Франција 6, Норвешка 6 (-1), Полска 4 (-1), Хрватска 4, Македонија 0, Белорусија 0.

Мх.П.